Дигитални покани

Покани што ја водат целата прослава

Лична покана за секој гостин, потврди во живо, распоред на маси, галерија со слики од гостите и панел каде точно гледате кој ја отворил и кој потврдил. Без апликации – само линк.

💍 Свадби💞 Веридби🕊️ Крштевки🍼 Мекици🎂 Родендени
17живи примери
5типа прослави
1линк за секој гостин
0апликации за инсталирање

Пробајте сами

Примери

Секој пример работи вистински: отворете ја поканата, пробајте потврда, пребарајте маса, отворете лична покана и најавете се во панелот. Имињата и гостите се измислени.

Почеток на поканата: Марија & Стефан
СвадбаBasic

Марија & Стефан

25.09.2027 · Охрид · тема „Ботаничка“

Сè вклучено

Што добивате

Не само убава покана, туку целата организација на гостите на едно место.

Лична покана за секој гостин

Секој гостин или семејство добива свој линк. Поканата ги поздравува по име („Драги Петар и Марија“), а формата за потврда е веќе пополнета.

Потврда за присуство

Гостите потврдуваат со еден допир: доаѓаат или не, колку возрасни и колку деца. Ако нешто се промени, одговорот лесно го менуваат.

Панел за домаќините

Ваш приватен панел со најава: кој ја отворил поканата и колку пати, кој потврдил, кој уште чека. За свадба – посебен панел за невестата и за младоженецот, со заеднички збир.

Праќање со еден допир

Од панелот, кај секој гостин има копче за Viber и WhatsApp со готова порака и неговиот личен линк.

Одговорите на мејл

Секоја нова потврда ви стига на мејл – кој, дали доаѓа и со колку лица. Вклучено уште во Basic.

Ексел со сите потврди

Автоматски Ексел што се ажурира по секоја потврда: возрасни, деца и вкупно гости – точниот број за ресторанот.

Распоред на маси

Ни праќате Ексел со гостите и масите. Гостите го пребаруваат своето име и веднаш ја гледаат масата – а ја добиваат и автоматски по потврдата.

Зачувај во календар

Копчиња за Android и iOS: настанот се зачувува во календарот на гостинот, со потсетници една недела и еден ден пред.

Програма и мапи

Цел распоред на денот и мапи до секоја локација, со директен пат во Гугл мапи.

Одбројување

Денови, часови и минути до настанот – за возбудата да расте.

Музика

Позадинска музика што се пушта при отворање на поканата (лиценцирана, без проблеми со авторски права).

Режим „Денес е денот“

На денот на настанот поканата сама се менува: „Сега“ и „Следно“ според програмата, мапа до следната локација. После – благодарница до гостите.

Слики од гостите (QR код)

QR картички на масите: гостите сликаат и прикачуваат, а сите ги гледаат сликите во жива галерија. Вие ги имате сите спомени на едно место.

Брза и мазна на секој телефон

Тестирана на iPhone, Android, таблет и компјутер. Без апликации – само линк. Целосно на кирилица.

Веб поддршка

Ние ја поставуваме, хостираме и одржуваме – во секој пакет. Измени во текст, програма, гости или маси ги правиме ние (обемот зависи од пакетот).

Приватност

Панелот е заштитен со лозинка, списокот на гости не е јавен, а податоците на гостите ги бришеме по договорениот рок.

Вашиот панел

Знаете точно кој доаѓа

  • Кој ја отворил поканата и колку пати – и кој уште не ја видел.
  • Кој потврдил, кој не доаѓа и кој чека – со број на возрасни и деца.
  • Две страни за свадба: невестата и младоженецот секој со свој панел, со заеднички збир.
  • Праќање со еден допир преку Viber или WhatsApp, со лична порака.
  • Ексел и мејл за секоја нова потврда.

Едноставно

Како работи

  1. Избиратетема и пакет од примерите погоре
  2. Ни праќатеимиња, датум, програма, локации и фотографии
  3. Изработувамевашата покана и ви ја праќаме на преглед
  4. Добивателинк до поканата и панел со лозинка
  5. Праќателичните покани преку Viber / WhatsApp
  6. Следитекој ја отворил и кој потврдил – во живо
  7. На денотгостите ја гледаат програмата и прикачуваат слики
  8. По настанотблагодарница и сите спомени на едно место

Пакети

Изберете што ви треба

Секој пакет вклучува изработка, хостинг и веб поддршка – разликата е во функциите и во обемот на измени.

Basic

Убава покана, потврдите на мејл

  • Една тема по избор, во вашите бои
  • Програма, мапи, одбројување
  • Музика
  • Зачувај во календар (Android / iOS)
  • Потврда за присуство (возрасни / деца)
  • Секоја потврда стига на ваш мејл

Одржување и поддршка

  • Хостинг до денот на настанот
  • Поправка на грешки
  • Една измена во текст или програма

Цена по договор

Најбаран

Premium

Целата организација на едно место

  • Сè од Basic
  • Ваши фотографии во поканата
  • Лична покана за секој гостин
  • Панел: кој ја отворил, кој потврдил, кој чека
  • Праќање преку Viber / WhatsApp
  • Ексел со сите потврди
  • Распоред на маси од Ексел – гостите ја наоѓаат масата
  • Режим „Денес е денот“ и благодарница

Одржување и поддршка

  • Хостинг до денот на настанот
  • Неограничени измени
  • Ажурирање на гости и маси

Цена по договор

Luxury

Спомени и детали за паметење

  • Сè од Premium
  • Галерија со слики од гостите (QR код)
  • Печатени QR картички за масите
  • Посебен дизајн или видео во позадина
  • Повеќе јазици (пр. англиски)
  • Страница со најубавите слики по настанот

Одржување и поддршка

  • Хостинг и неколку месеци по настанот
  • Неограничени измени
  • Брз одговор, истиот ден

Цена по договор

Прашања

Често поставувани прашања

Дали гостите треба да инсталираат апликација?

Не. Поканата е обичен линк што се отвора на секој телефон, таблет или компјутер.

Колку време трае изработката?

Обично неколку дена од кога ќе ги добиеме сите податоци и фотографии.

Може ли да менуваме нешто откако е готова?

Да. Текстови, програма, гости и маси ги менуваме ние, до денот на настанот.

Како стигнуваат потврдите?

Во вашиот панел во живо, во Ексел што сам се ажурира и, по желба, на мејл.

Како работат масите?

Ни праќате Ексел со гостите и масите. Гостите го пребаруваат своето име – без разлика дали пишуваат со големи или мали букви, на кирилица или латиница – и ја гледаат масата. Ја добиваат и автоматски по потврдата.

Што ако двајца гости имаат исто презиме?

Секоја лична покана е поврзана со точно определен гостин, а за потврда се бара име и презиме – секогаш знаете кој одговорил.

Колку долго е активна поканата?

До настанот и неколку месеци потоа (за благодарницата и сликите), според договорот. Потоа податоците на гостите се бришат.

Можам ли да изберам своја песна?

Да, ако имате дозвола за неа. Инаку избираме од лиценцирана музика.

Побарајте понуда

Ајде да ја направиме вашата покана

Кажете ни каков настан подготвувате и која тема ви се допаѓа – ќе ви одговориме со понуда.

Или директно